НАСА денеска треба да соопшти „Откритие надвор од Сончевиот систем“
Објавено на 21 февруари, 2017 во 10:04
НАСА организира спектакуларна пресконференција на која ќе ѝ се претстави на јавноста важно откритие за екстрасоларните планети, пишува “Индипендент”.
“Откритие надвор од Сончевиот систем”, гласи соопштението, макар и да не открива повеќе детали. Но едно е сигурно – кога НАСА организира слични брифинзи, тогаш тие индицираат присуството на навистина големи и значајни откритија.
Кои се тие ќе стане јасно денес во 19.00 часот по македонско време, кога ќе се одржи самитот. На него ќе присуствуваат водечки астрономи, космолози и научници од целиот свет. Кој е љубопитен, ќе може не само да ја следи во живо на сајтот на агенцијата, но и да се вклучи со прашање поставено на “Твитер” со хаштаг #askNASA.