Почина актерот Ерл Хајман познат по во серијата „The Cosby Show“
Објавено на 20 ноември, 2017 во 14:24
Долгогодишниот театарски и телевизиски актер Ерл Хајман почина во 91 година од животот. Хајман беше најпознат по улога во серијата „The Cosby Show“, каде го глумеше таткото на Бил Козби.
Хајман почина во институцијата Lillian Booth Actors Home во Њу Џерси.
Неговата меѓународна театарска кариера траеше со децении. Во „The Cosby Showu“ глумеше од 1984 до 1992 година, а го глумеше Расел Хакстбл.
„Ерл Хајман даде љубов, достоинство и интегритет на дедото Хакстбл. Фала ти Ерл, ќе живееш засекогаш“, напиша Бил Козби.
Тој за улогата беше номиниран за наградата Еми. Во театарот се заљуби како тинејџер, настапуваше во неколку претстави на Шекспир, а во 1980 година беше номиниран за наградата Тони за улога во претставата „The Lady from Dubuque“.