Трка на 7.000 Дедомразовци во Мадрид
Објавено на 11 декември, 2017 во 10:38
Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз вчера учествуваа во трка низ центарот на Мадрид, организрана за собирање пари за лекување на болните од рак.
Трката во должина од пет километри беше одржана долж познатата мадридска авенија „Пасео де ла Кастељана“.
Во трката уествуваа и голем број деца, кои беа облечени во зелени костими и со капи на џуџиња на главите.
Организаторот на манифестацијата соопшти дека ова е најголема трка на Дедо Мразовци организирана досега во светот. Средствата прибрани од упалтите на учесниците на трката ќе бидат донирани на организацијата „Фундасион Интеос“, која се занимава со грижа и нега на болните од рак.