Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

megan fin

Магазинот ОК објави вест дека принцезата Меган Маркл е бремена и дека со принцот Хари чекаат близнаци. За радосната вест дознале на медениот месец, а прво ја споделиле со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Војвотката на Сасекс и нејзиниот сопруг се исклучително среќни. Тие не очекуваа тоа да се случи толку брзо. Тоа е големо изненадување за нив, вели ОК списанието.

Во Холивуд се шушка дека двојката веќе ги известила своите најблиски пријатели. Според изворот, тие официјално нема да ги објават вестите додека не помине првиот триместар.

Тие се венчаа на 19 мај. Скоро таткото на поранешната актерка рече дека неговата ќерка е подготвена и сака да стане мајка.

Сепак, за ваквата вест нема потврда од Кенсингтонската палата.

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново