Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ialija fin

Од денеска во Италија е забрането внесувањето кабински куфери во авионите, што претставува една од заштитните мерки за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти италијанската Управа за цивилно воздухопловство ЕНАК.

Почнувајќи од денеска на појдовните и дојдовните летови на домашните и меѓународните авиокомпании во Италија нема да им бидат дозволени кабински куфери, туку само мала торба, чанта или ранец што може да се чуваат во просторот под седиштето, се вели во изјавата на ЕНАК испратена до авиокомпаниите.

Управата истакнува дека патниците можат да внесат багаж во авионот што може да се смести под седиштето, бидејќи, како што е наведува, од здравствени причини не е дозволено користење на багажниот простор над седиштето.

Според италијанските медиуми, целта е луѓето да бидат на безбедно физичко растојание, и затоа е неопходно да се избегнат гужвите што можат да се појават поради поставување багаж во преградата над седиштето на авионот.

Одлуката наиде на критики и проценки дека ќе направи дополнителна штета на туризмот, што веќе и онака е силно погоден од пандемијата и повеќемесечните рестриктивни мерки.

На патниците на аеродромите ќе им се мери телесната темепаратура, а доколку надмине 37,5 нема да им биде дозволено да се качат на летот.

По околу три месеци блокада поради коронавирусот Италија од 3 јуни ги отвори своите граници кон земјите од ЕУ.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново