Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

drvonaparite fin

За древниот кинески систем фенг шуи најчесто се размислува како за начин на уредување на нашето опкружување, што во суштина е и точно. Меѓутоа, фенг шуи може да се користи и за стабилизација на вашите намери, како и за манифестација на вашите желби и соништа. Овој вид на симболичен фенг шуи создава тродимензионална слика, која ги претставува вашите цели и амбиции.

Направете своја листа на желби

Вие сте најмоќната личност што може да ги оствари вашите соништа. Кога ќе направите своја листа на желби, позитивната енергија ќе знае на што точно да се фокусира. Бидете што поконкретни и поставете ги работите според нивниот приоритет. На овој начин, вашите желби ќе ги изнесете на виделина и ќе ги направите пореални. Не воздржувајте се да го запишете она што ви е важно, за да може истото тоа да стане ваша реалност.

Дрво за одобрување на желбите

Дрвцето претставува одличен фенг шуи симбол. Тоа носи сила, а истовремено претставува и стабилност. Дрвцето може да ја блокира и абсорбира негативната енергија во просторот наместо вас. Тоа може да биде дрво засадено токму со таква намера, но и кое било друго што воопшто ќе го внесете во вашиот животен простор.

Остварување на желбите со помош на кристали

Кристалите се уште еден добар начин за остварување на желбите. Кристалите се создадени за исполнување на најискрените жеби. Одберете кристал кој лично вам ви се допаѓа според бојата и обликот и при тоа имајте го предвид нивното значење. Зелената боја на кристалите се однесува на семејството и здравјето, жолтата се поврзува со богатството, црвената со пријателите и успехот, а сината со духовното просветлување.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново