Aвстриското село Факинг заради потсмев го менува името во Фагинг
27.11.2020
Австриското село Факинг (Fucking) конечно после 1.000 години ќе се ослободи од името кое предизвикуваше потсмев, а многумина и ги крадеа таблите со називот на местото.
„Општинскиот совет донесе одлука за преименување на Факинг во Фагинг од 1 јануари 2021 година“, рече Андреа Холцнер, градоначалничка на Тарсдорф, во чиј состав влегува и ова село.
Местото со околу 100 жители, кое се наоѓа 350 километри источно од Виена, со години беше предмет на потсмев.
Локалниот совет објави дека селото во провинцијата Горна Австрија од 1 јануари ќе се вика Фугинг (Fugging).
Факинг, село со околу сто локални жители, честопати беше во вестите бидејќи туристите постојано ги крадеа таблите со називот или објавуваа слики од нив на социјалните мрежи.
Локалното население со години бара промена.
Fucking на германски не значи ништо, но на англиски јазик зборот има многу експлицитно и добро познато значење.
Некои експерти веруваат дека првичното име на ова место потекнува од 11 век, а според локалната традиција, тоа е основано во шестиот век од баварскиот благородник Фоко. На мапа од 1825 година, селото било наречено Фукинг (Fucking).
Мите Јаначков