Вака се објаснуваат божјите работи!?- 70-годишна жена го роди првото дете
70-годишна индијка го роди првото дете, пренесе Франс прес, цитирана од агенциите. Таа увери дека не се чувствува премногу стара за да биде мајка. Даџиндер Каур родила момченце минатиот месец, откако прибегнала кон ин витро оплодување во специјализирана клиника во индиската држава Хариана.Двојката која е во брак 46 години, изгубила надеж дека ќе има дете. Односот кон Даџиндер и сопругот бил презир, бидејќи во нивната татковина неплодноста се смета за божјо проклетство.
“Господ ги чу нашите молитви”, рече Каур. “Се грижам сама за своето дете. Имам чувство дека сум исполнета со енергија. Мојот сопруг е многу внимателен и секогаш ми помага кога има можност да го стори тоа. Видовме реклама за ин витро оплодување и си рековме дека би требало да се обидеме, со оглед дека сакам да имам бебе “.
Каур тврди дека е на околу 70-годишна возраст. Во Индија, многу луѓе не поседуваат уверение за раѓање. Во соопштението на клиниката пак се вели дека мајката е на 72 години.
Бебето е зачнато од јајца и сперма на двојката и е во добра здравствена состојба. Момченцето тежело два килограми при раѓањето.
Извор: Локално.мк