Гугл со новите емотикони се бори против нерамноправноста на половите
Тим од вработените во Гугл предложиле 13 нови емотикони за кои сметаат дека подобро ги претпоставуваат вработените жени.
Во предлогот неодамна испратен на „Unicode Consortium“, телото кое ги одобрува новите емотикони, тимот на Гугл го опишале новиот сет на емотикони со кои е претставен „широк распон на професиите со кои се занимаваат мажите и жените“ со цел да се нагласи разновидноста на женските кариери и да се засили присуството на жените во секое поле од општеството, пренесуваат светските меидуми.
Меѓу нив се емоотиконите кои ги претставуваат медицинските работнички, жените научници, деловните жени па дури и женските рок-ѕвезди. Професиите се одбрани така што најдобро да ја претстават модерната работна сила. секој нов емотикон има и своја машка верзија.
Извор: Плусинфо.мк