Родено прво младенче панда зачнато по природен пат во ЗОО во Виена
Во Виена е родено првото младенче панда зачнато по природен пат, објави винеската Зоолошка градина истакнувајќи дека ова е екстремно редок случај во Европа.
Природното парење на пандата е толку исклучително тешка работа за зоолозите, така што овие цицачи се размножуваат најмногу со вештачко оплодување на женката, пренесува „Ројтерс“.
На фотографиите што ги објави Зоолошката градина се гледа младенчето, со розова боја, долго само 10 см и со тежина од 100 грама, но поради неговата големина, ветеринарите не биле во можност да го утврдат полот.
– Мајката на младенчето Јанг Јанг веќе три пати се котеше, позната е како добра мајка, но мораме да имаме предвид дека смртноста на овој вид во првата година од животот е и до 40 отсто – рекол директорот на Зоолошката градина Дагмар Шратер и додал дека дел од градината во која се сместени пандите ќе биде затворен извесно време за да не се вознемируват мајката и младенчето од посетителите.
Извор: Плусинфо.мк