Риба падна од „ведро небо“ и удри жена по глава
Објавено на 13 септември, 2016 во 07:29
Лајза Лобри шетала во паркот кога слушнала шушкање на едно дрво и кога се доближила до него врз главата и паднал три килограми тежок сом.
Сведоци изјавија дека виделе и како орел или јастреб одлетал од дрвото во тој момент.
Можно е птицата да ја испуштила рибата која падната од височина од барем 15 метри и ја удрила Лобри, која поради тоа се здобила со повреди на лицето.
Таа изјави дека случката сега и е смешна, но дека во тој момент „не и било сеедно“.
– Би можело да биде многу полошо. Што ако удреше некое дете? – рекла таа.
Извор: Плусинфо.мк