Сид има 12 години и е роден во тело на девојче
Сиди Гринштајн е 12-годишно момче родено во тело на девојче, кое пред неколку години им признал на родителите дека мисли дека е трансродна личност и затоа од нив добил полна поддршка. „Своето дете не го дефинирате по полот, што и да е тој, тоа е сепак ваше дете, кое треба да го сакате и да го гушкате, без оглед на се“ порачува таткото на Сид. Момчето и неговотo семејство гостувале во едно утринско телевизиско шоу, откако серијата „Трансродител“ освоила две Еми награди.
Коментирајќи го настанот, мајката Џули признала дека е среќна поради тоа што главниот актер Џефри Tембор ја добил наградата, бидеќи има големо влијание на третманот на трансродните лица во американското општество. Малиот Сид раскажал дека признавањето го чинело многу нерви, но дека собрал храброст и прво тоа и го соопштил на својата сестра близначка, а потоа и на мајка му. Како таков е прифатен на училиште, а самиот се чувствува многу подобро и поопуштено.