Олимпиецот Мајкл Фелпс се тркаше со ајкула (ВИДЕО)
Објавено на 24 јули, 2017 во 14:31
Американскиот пливач и најуспешен олимпиец Мајкл Фелпс влезе во вода на двобој со белата ајкула.
Како што најавуваше Discovery Channel, Фелпс се тркаше со ајкула, односно со компјутерска симулација чија брзина е пресметана со користење на податоци за брзината на вистинска ајкула.
Фелпс преплива 100 метри за 38 секунди, а ајкулата била побрза две секунди.
Многумина кои нестрпливо ја чекаа трката се разочарани затоа што се надеваа дека Фелпс ќе се трка со ајкулата во поделени патеки. Меѓутоа, тоа не се случи, туку трката се одвиваше со симулација.
Како изгледаше се, погледнете во видеото.
{vembed Y=EXYuyG-SCsY}