Отишол на одмор во Хрватска со трактор
Објавено на 26 јули, 2017 во 07:23
Ернст Ебелин (63), од околината на германскиот град Хановер тргнал на одмор на хрватското приморје со својот трактор, јавуваат локалните медиуми.
За да го помине растојанието од 1.700 километри, Германецот патувал девет дена. Неговата сопруга сепак, не била доволно трпелива да појде со него, па пристигнала во Хрватска со авион.
Селанецот минал две седмици во Трогир и Сплит, по што, повторно со својот трактор, се вратил во својот роден крај. Сподели