Безос, директорот на „Амазон“, е најбогатиот човек на Светот
Објавено на 28 јули, 2017 во 10:06
– Извршниот директор на компанијата „Амазон“ Џеф Безос го замени основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс на првото место на листата на најбогати луѓе во светот, која ја составува Форбс. Неговото богатство се проценува на 90 милијарди евра.
Кога се отворија денеска берзите, акциите на „Амазон“ пораснаа за 1,6 отсто и придонесоа за Безос да има богатство од 90,6 милијарди долари, односно 500 милиони долари повеќе од Гејтс.