Утринските навики клучни за расположението
Истражувањата покажуваат дека без оглед на тоа дали сте ранобуден човек или не, утринското расположение влијае на продуктивноста во текот на целиот ден.
Доколку се разбудите лошо расположени. Веројатно тоа чувство ќе ве следи цел ден.
Од друга страна, ако се разбудите добро расположени веројатно ќе бидете продуктивни и ќе се чувствувате среќно и корисно.
Истражувачите во новата студија пронашле емоционални и општи здравствени предности на луѓето кои се утрински типови. Од друга страна, ноќните птици кои биле присилени да станат рано во главно се во расчекор со вообичаениот дневен распоред.
Наведуваат дека наместо да го одложите алармот и да станете мрзоволен, може да промените неколку работи во својот живот и да почнете да уживате во утрата.
Стручњаците советуваат дека треба да легнете во кревет неколку часа порано од инаку. Со тоа го подобрувате вашето емоционално здравје, полесно ќе станувате наутро.
За да ги зголемите шансите да уживате во денот, потребно е да створите здрави утрински навики.
Истакнуваат дека една од најздравите утрински рутини е доручек кој ќе ви помогне да го поттикнете метаболизмот и да ви даде енергија која ви е неопходна за остатокот од денот.
Доколку сте лошо расположени, истражувачите советуваат да медитирате и за тоа време да размислиувате за добри работи во вашиот живот, на кои може да бидете благодарни.Исто така, советуваат дека денот треба да ви почнува со вежбање.