Русите ја избушија најдлабоката дупка на светот!
Во времето на Студената војна забрзано се вооружуваше, но имаше напредок на науката и на оние гранки кои не беа директно поврзани со воеаната индустрија.
Така СССР на почетокот од 1970 година одобри план за бушење во длабочината на Земјата без одредена цел. Планот беше да се буши колку што се може.
За локација е избран полуостровот Кола, а со помош на овој руски експеримент научниците сакаа да добијат увид во условите кои преовладуваат во огромните длабочини, каков е хемискиот состав на тлото, какви се неговите физички особини и температурата.
За да успеат во тоа, Русите измислија и конструираа бројни алати и инструменти, не само за бушење, туку и за подмачкување и мерење на толкави длабочини.
Најдлабоката дупка која ја избушија е 12.226 метри, а тоа до 2008 година остана најдлабоката бушотина која му се припишува на човекот, а подлабка е од Тихиот Океан.
Русите не беа задоволни. Нивната цел беше 15 километри до крајот на 1993 година, а ги спречија високите температури. На длабочина од 12 км научниците очекуваа температура од 100 степени Целзиусови, но реално, таа беше повисока за 80 степени.
Пресметаа дека на 15 километри температурата би била и над 300 степени, па механизацијата би се стопила. Ги изненади и откритието на вода на длабочини што се сметаа потполно суви, како и микроскопски фосили на дури 6,7 км.
Бушењата во различни блици продолжија до 2005 година, а истражувањата престанаа во 2008 година, кога комплексот беше напуштен.
Иако се работи за фантастично достигнување, сепак 12 км е само третина од Балтичкиот штит дебел 35 километри.
{vembed Y=yl_eksKpYvI}