Седум факти за Мртво Море
Мртвото Море, Море на смртта и Лотово Море се називите за соленото езеро меѓу Јордан и Израел кое се гордее со соленост од дури 33 отсто.
1. Мртвото Море е најголема светска депресија. Тоа солено езеро се наоѓа на четиристотини метри под површината на светското море на Блискиот исток меѓу Јордан и Израел. Длабоко е околу 400 метри.
2. Нивото на морето не расте оти околу него владее пустинска клима со температури од 40 Целзиусови степени во летните месеци која доведува до големо испарување. Од друга страна, дождовите овде се многу ретки.
3. Салинитетот или соленоста на Мртвото Море е околу 33 отсто. За споредба Средоземно Море е солено 3 отсто. Сепак Мртвото Море не е најсоленото на светот. Посолено од него е езерото Асал во источна Африка со 35 отсто соленост, како и Дон Хуан Понд на Антарктик со соленост од 40 отсто.
4. Поради високиот процент солеснот условите за живот се речиси невозмони, освен за ма л број анаеробни микроорганизми. Поради густината во Мртвото Море невозможно е да се потоне.
5. Солта и минералите во водата се невообичаено лековити па од времето на Херод I Велики луѓето кои патат од псоријаза и други кожни болести како и болести на коските како остеопороза и артритис оделе да се лечат.
6. Поради високиот процент на сол во водата таа е густа па оневозможува пливање, но никој не може ни да потоне. Сепак, не значи дека местото не е опасно. Спасувачката служба редовно ги предупредува туристите да не пијат вода од езерото, затоа што големи коичини може да ја нарушат рамнотежата на електролитите и да доведат до застој на некои органи. Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање во вода за да се избегне контакт на очите со водата.
7. Лековитото блато во Мртвото Море уште старите Египќани го користеле за балзамирање на мумиите.