Електричните автомобили на „Ауди“ ќе се движат со соларни батерии
Објавено на 29 август, 2017 во 14:58
Тенките соларни батерии ќе се појавуваат на некои модели “Ауди”.
Тие ќе бидат монтирани во структурата на стаклените панорамски кровови на автомобилите, раскажува претставник на компанијата производител пред странските медиуми.
Енергијата што се создава од сончевите батерии, ќе влегува во електричниот систем на возилото. Таа може да напојува пример клима или да ги загрева седиштата. Развојот се создава заедно со сестринската фирма на кинескиот концерн Hanergy.
Се претпоставува дека овие батерии ќе го зголемат времетраењето на движење. Планирано е првиот прототип на батериите да биде готов до крајот на годината.