Се појави бел крокодил во Австралија
Необична глетка на австралиската северна територија, пружи појавата на еден бел крокодил.
Рептилот е наречен Pearl (Бисер) и забележан е во реката Аделаида во близина на Дарвин, а еден од очевидците рекол дека е долг околу три метри.
Бојата на телото на крокодилот е предизвикана од хипомеланизам, што претставува ниско ниво на меланин, вели експертот.
Локалното население верува дека овој крокодил има врска со оној кој е успан во 2014 година, откако усмрти рибар.
Повеќето крокодили во Австралија се сиви или зелени, а таа боја им помага да се камуфлираат. Белата боја е поради генетиката, вели Адам Бритон, експерт, и се јавува за време на инкубација.
Тој додава дека јајцата во гнездото некогаш се со повисока температура, па се предизвикува грешка при делењето на келиите и предизвикува мутации.
Вакво нешто не е ретко, но чудно е што крокодилот покрај сите предатори со кои се соочил, преживеал и пораснал во возрасен рептил.