Островот на кој граѓаните и во седмата деценија се млади
Третина од населението на островот Икарија во Грција имаат над 90 години. Со Сардинија во Италија, Никоја на Костарика, Окинава во Јапонија и Лома Линд во Калифорнија, Икарија се наоѓа во Сината зона, или е едно од петте места на светот каде луѓето живеат најдолго.
Експертите тврдат дека здравата исхрана и активноста се клуч за долг живот на островјаните. Лекарите и антрополозите наведуваат дека многу важен фактор се и блиските односи со семејството и соседите.
„Икаријанците се трудат да останат блиски со семејството и соседите, а најстарите играат важна улога во заедницата. Бабите и дедовците често се грижат за внуците и ги водат семејните работи“, се наведува во проектот Сина зона.
Докторот во пензија Кристодулот Ксенакис има теорија дека мештаните од грчкиот остров избегнуваат непотребни грижи и тоа влијае на нивната долговечност.
„Овде не се договараат состаноци“, вели 81-годишниот доктор, кој на островот важи за млад човек.
Вели дека времето на островот е важно, но не на начин како другите размислуваат за тоа.
„Договорите се сведуваат на: „се гледаме наутро, попладне или навечер. Не се секираме за тоа“, вели Ксенакис.
Мештаните преку целиот ден се во движење. Често организираат регати, а долната старосна граница за капитените е 70 години.
„Тоа не е навистина трка. Повеќе е регата која покажува дека и понатаму сме способни“, вели Ксенакис. „Секогаш во слободното време може нешто да работите. Но, кога правите нешто што вас или другите ги прави среќни, како да не се чувствувате поздрави и млади“.