Рејкјавик -градот во кој тротоарите никогаш не замрзнуваат
Властите во Исланд смислија начин како да ја искористат геотермалната енергија на островот за да им го олеснат движењето на граѓаните во услови на силни наноси на снег.
Сите улици и тротоари во градот имаат поставено подно греење и никогаш не замрзнуваат.
Еирикур Хјалмарсон, директор на комуникации во компанијата Reykjavik Energy, вели дека откако главниот град на Исланд, Рејкјавик добил загреани тротоари пред десетина година, градот значително заштедил на сервисот за чистење на снег и мраз.
– Кога се чистат улиците од мраз и снег, тоа ги оштетува дополнително што значи дека сме заштедиле и од почесто реновирање на улиците и тротоарите. Исто така, помалку луѓе завршуваат во ургентните центри со скршеници од пад на замрзнатите тротоари – вели тој.
Благодарение на геотермалната енергија на Исланд, многу и од домовите се загреваат со неа.
Температурата на водата е помеѓу 100 и 300 степени целзиусови. Истечната вода пак која е околу 30 степени целзиусови, се испумпува во цевки кои минуваат под улиците и тротоарите на Рејкјавик.