„Златна Буба Мара“ на 24 февруари
Објавено на 13 декември, 2017 во 10:24
„Златна бубамара“ ги започна подготовките за најновото издание на популарното и долгоочекувано шоу. По повод 21-вото издание, упатија соопштение до јавноста, во кое, меѓу другото, се вели:
„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и подобар живот, доаѓа 21-во издание на „Златна бубамара“, кое не смеете да го пропуштите.
„Златна бубамара“ ќе се одржи за последен пат оваа година и за првпат во ‘Вип Борис Трајковски’. Дојдете заедно да аплаудираме, да пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и од Западен Балкан. Патни трошоци не ви признаваме, а за другото ќе разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ќе си седите!“
Музичкиот спектакл ќе се одржи на 24 февруари.