Како Свети Никола стана христијански Дедо Мраз
Првите записи за епископот и добротворец со потекло од Мала Азија, Свети Никола, потекнуваат од четвртиот век од новата ера. Од ова свештено лице, познато по својата хуманост, настанале многу легенди и приказни за ликот кој денес го знаеме како Дедо Мраз.
Посебно бил наклонет кон децата, а забележано е дека им помогнал на три девојчиња за да ги заштити од проституција. Легендата вели дека три вечери со ред поминувал покрај нивната куќа и низ прозорот фрлал торбиња со пари, за да им подари доволно пари да преживеат без да се проституираат.
Крзнената наметка ја добил во втората половина од 19-ти век, кога неговиот лик почнал да се појавува во песните, а сега веќе традиционално прифатената црвена боја на неговата облека ја заменила првобитната жолта боја во 1868 година, кога Дедо Мраз ги добива својата кочија (санка) и ирвасите.
На почетокот на 20-ти век Дедо Мраз станува постојан посетител на книгите, списанијата и рекламите, полека добивајќи го изгледот кој денес го знаеме.