Падна снег во Сахара
Објавено на 9 јануари, 2018 во 09:08
Несекојдневните временски (не)прилики донесоа уште еден феномен – во најтоплиот дел од планетата, пустината Сахара, падна снег, пренесе Ројтерс.
Снегот падна на подрачјето на Аин Сефра, кое се наоѓа на северот на Алжир во неделата.
Не побеле целата пустина, но од снимките се гледаат траги од снег, а некои песочни дини се прекриени со снежна покривка.