Денешниот ден е судбоносен за принцезата Шарлот
Објавено на 9 јануари, 2018 во 09:40
Принцезата Шарлот, ќерката на британскиот принц Вилијам и Кејт Мидлтон, почна да оди во градинка.
На нејзиниот прв ден, 2-годишното девојче беше претставено со официјална фотографија дистрибуирана од палатата Кенсингтон.
На фотографиите, Шарлот носи црвен палто и чевли во иста боја, а таа уште носи розово шалче и мал ранец.
Британските медиуми коментираат дека таа изгледала самоуверена и насмеана, за разлика од нејзиниот 4-годишен брат принцот Џорџ, кој на својот прв училишен ден бил доста загрижен.