Отворен хотел од мраз посветен на „Играта на тронови“
Во Лапонија, Финска отворен е хотел кој е потполно изграден од мраз, а посветен е на тематиката „Игра на тронови“ Сместен е во населбата Китила, која се наоѓа 200 километри над Арктичкиот круг на 90 минути возење од Хелсинки.
Се сосотои од 24 соби, а од нив 10 се апартмани наменети на гостите кои ќе одлучат тука да преспијат.
Хотелот е дизајниран од професионални скулптори од целиот свет, а во секоја соба се наоѓа скулптура од мраз од некој од ликовит на ТВ серијата, настаната врз основа на книгата на Џорџ Мартин „Песна на огнот и мразот“.
Температурите изнесуваат околу 5 степени под нулата, па за гостите се обезбедени топли вреќи за спиење. Веруваме дека љубителите на серијата нема да имаат храброст да му одолеат на хотелот.
Тука погледнете како изгледа хотелот