Почна Карневалот во Венеција
Објавено на 5 февруари, 2018 во 10:38
Повеќе од 20.000 луѓе со шарени маски и костими го одбележаа почeтокот на карневалот во Венеција со традиционалниот „Лет на ангелот“.
Туристите и жителите на Венеција ја гледаа 19-годишната студентка Елиса Константини како прикачена за сајла од 80 метри, виси на црконата кула од 99 метри.
Таа фрлаше конфети на собраните граѓани, наведува Франс Прес.
Венеција за време на фестивалот кој завршува на 13 февруари ќе биде град под маски.
Карневалот во Венеција почнал по воената победа во 1162 година, во 17 и 18 век станал познат, но во 1797 година бил забранет, како и носењето маски.
Трацијата е обновена 1979 година.