Кејт Мидлтон покани 31 дизајнер и 26 занаетчии од различни држави
Војвотката на Кембриџ Кејт Мидлтон ја поддржи иницијативата на The Commonwealth Fashion Exchange, која обединува 52 земји од Комонвелтот, меѓу кои Велика Британија и нејзините поранешни колонии – Австралија, Индија, Јужна Африка, Сингапур, Малезија и Пакистан.
Проектот им понуди на 31 дизајнер и 26 мајстори од различни земји да се приклучат кон соработката и да создадат тоалета од рециклирани и биоразградливи материјали, пишува Elle.
Идејата за проектот му припаѓа на Либија Фарт, сопруга на актерот Колин Фарт. За соработката со Кејт Мидлтон таа вели: “Поголем дел од населението на Комонвелтот е на помалку од 30 години, па мора да се најде врската преку која можеме да си комуницираме”.
Резултатот ќе биде изложен во Бакингемската палата на 19 февруари – денот е закажан за Лондонската модна недела. Велика Британија ќе бидат претставена од страна на соработниците на Стела Макартни и Бурбери.