Во Дубаи отворен највисок хотел во светот
Објавено на 12 февруари, 2018 во 09:42
Во авенијата на шеикот Зајед во Дубаи отворен е хотелот „Гевора“, највисокиот хотел на светот.
Хотелот „Гевора“ висок е 356 метри и само еден метар е повисок од синџирот хотели „Мериот“, кој до сега го држеше рекордот.
Новиот хотел е кула со златна боја. На гостите им нуди 528 соби кои се распоредени на 75 ката.
Од утре пристигнуваат првите госи во највисокиот хотел на светот, кој меѓу другото, има четири ресторани, базени на отворено, луксузен спа центар на 71 кат и центар за здравје.
Во Дубаи се наоѓа и „Бурж Калифа“, највисоката кула на свеотт. Властите почнаа со изградба на нова највисока кула, чија висина поради конкуренцијата се држи во тајност.