Почина режисерот на филмовите за Џемс Бонд, Луис Гилберт
Објавено на 28 февруари, 2018 во 11:16
Луис Гилберт, режисер на три филма за британскиот таен агент Џемс Бонд, почина на возраст од 98 години, пренесе Independent.
Веста ја потврдија продуцентите на Гилберт, Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.
„Со голема жалост ве известуваме дека почина нашиот драг пријател Луис Гилберт“, велта тие.
Го опишуваат режисерот како вистински џентлмен, кој дал придонес на британската филмска индустрија.
Гилберт ги режираше филмовите „Само два пати се живее’ во 1967 со Шон Конери во главна улога, „Шпионот кој ме сакаше“ од 1977 во Роџер Мур и „Операција вселена“ од 1979 година исто со Мур.