Вистински чуда на природата се куќи од пластични шишиња во Нигерија
Првата куќа од пластични шишиња во Нигерија е изградена во 2011 година, и од тогаш стана вистинска туристичка атракција.
Илјадници лица, меѓу кои и лидери и владини функционери, дојдоа да ја видат куќата со заоблени ѕидови изградени од пластични шишиња.
Од тогаш се направени многу вакви куќи од пластични шишиња.
Шишињата, во кои се става песок, се полошуваат на страна, едно врз друго и се зацврстуваат со кал.
Вистинската убавина на оваа аритектура е видлива од надворешната страна на куќата, затоа што округлите дна даваат интересен дизајн.
Најдобро од се е што овој проект е еколошки и овозможува рециклажа на пластика и претворање во нешто корисно.
Во галеријата може да го видите процесот на изградба на овие куќи, како и финалниот производ, вистински архитектонски чуда.