Меланија Трамп не доби подарок од сопругот за својот роденден
Меланија Трамп, првата дама на САД, во четвртокот прослави роденден, а претседателот Доналд Трамп верува дека можеби ќе има некои проблеми, објави Асошиејтед прес.
Запрашан што и купил на својата сопруга за 48-иот роденден, претседателот призна дека „можеби не и зел којзнае што“.
Тој додаде: „Знаете, јас сум многу зафатен“.
Во телефонското интервју за „Fox News“, тој рече дека и купил на својата сопруга „прекрасна картичка“ и цвеќе.
Меланија Трамп е исто така зафатена. Таа ја планираше државната вечера за францускиот претседател во вторникот.
Минатиот викенд присуствуваше на погребот на поранешната американска прва дама Барбара Буш во Хјустон.
А неодамна двајцата со претседателот беа домаќини на јапонскиот премиер и неговата сопруга на имотот во Флорида за дводневна посета.