Еруптира вулканот и во Индонезија
Објавено на 1 јуни, 2018 во 08:10
Индонезискиот вулкан Мерапи денеска изфрли столб од пепел на околу 6 км во височина, а надлежните наведоа дека ерупцијата траела две минути.
Националната агенција за катастрофи соопшти дека нивото на предупредување од вулканот е подигнат и останува на повисоко ниво при што забранета е зоната на три километри околу вулканот.
Ерупцијата не предизвикала паника, а блискиот аеродром е отворен и понатаму.
Вулканот се наоѓа на 30 километри од центарот на Јогџакарта, на густо населениот остров Јава.
Во круг од 10 километри околу вулканот живеат 250.000 луѓе.
Во последната ерупција на Мерапи во 2010 година животот го загубија 347 луѓе.