Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

arijana fin

Последниот музички хит на Аријана Гранде, „God is a Woman“ (Бог е жена), ги наполни социјалните мрежи со позитивни реакции на феминистките, кои веќе го прогласуваат синглот за најмоќната женска химна.

Но, гледајќи наназад низ историјата на теологијата, ова не е ништо ново, па ваквите еуфорични реакции во 2018 година се по малку и изненадувачки.

Секако, во многу култури, да се сугерира дека Бог е жена, веќе долго време е ерес… Но, доколку се вратиме на почетокот на човештвото, женските божества биле присутни во многу делови од светот, пред да се појават денешните светски религии. Многу од древните религии се засноваат токму на мајката божица.

figuri fin

Во својата книга од 1976. „Кога Бог е жена“, историчарката Мерлин Стоун ги наоѓа почетоците на ваквите верувања во палеолитот и неолитот, на Блискиот Исток. Антрополозите пак, сметаат дека многу првобитни општествени заедници биле матрилинеарни, што значи дека жените имале доминантна улога во домаќинството, па тоа се одразило и во религиите, коишто исто така, ја ставале жената на врховна позиција.

Покрај Блискиот Исток, фигури на женски божества се најдени и во Европа и во Индија, а некои се стари и 25.000 години. Но, таа уметност зема замав дури во неолитот. Нашата неолитска „Голема Мајка“ најдена во скопско Говрлево, на пример, е стара 8.000 години.

Слични статуи се најдени и во Египет, Крит, Грција, Етиопија, Либија, Индија, Вавилон, Анадолија, Ирска, Месопотамија, Јудеја, Израел…
Нашите предци имале многу божици, но мизогинијата довела до тоа – во 2. милениум пред Христа, тој тренд речиси да исчезне. Многу научници тврдат дека „машките религии“ и патрилинеарноста ја вовеле индоевропејските народи.

 

 

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.