Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

martinki fin

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ денеска ќе ја организира шестата манифестација „Среќна Баба Марта 2019“, како дел од активностите поврзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на мартинките за нематеријално светско културно наследство.

Изложбата ќе биде отворена денеска напладне на првиот кат во трговскиот центар „Капитол“ и ќе може да се посети до 3 март. Ќе бидат изложени оригинални рачно изработени амајлии-мартинки од Македонија, Бугарија и Романија, заедно со едукативни панели, визуелизација на мартинките преку археолошки предмети, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

– Статусот кој УНЕСКО ни го додели како носители на светско културно наследство е нешто највисоко до што, веројатно, може да стигне една граѓанска организација во светот. Во оваа мисија ни помогна нашето повеќегодишно искуство од областа на културниот менаџмент, специјалните обуки што ги поминавме за нематеријално културно наследство, како и поддршката од државните институции, граѓанските организации, бизнис-секторот, па сѐ до самите граѓани кои го практикуваат овој обичај, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ се организира со поддршка од Министерството за култура, Град Скопје и „Капитол мол“, под мотото на УНЕСКО – „Отворени образовни ресурси“.

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново