Совети од најстарите луѓе на светот: Која е формулата за долговечност ?
22.01.2021
Службените студии тврдат дека за долг живот е потребно да се одржат пријателства, да се одржи позитивен став, да не се биде премногу под стрес и да се има чудесни гени.
Mental Floss издвоил неколку совети од најстарителуѓе во светот за кои веруваат дека им помогнале да ја доживеат стотата.
Користете многу маслиново масло
Жан Калмент починала на 4. август 1997. година на возраст од 122. години и 164 дена. Официјално, таа е личност која живеела најдолго. Калмент пушела по две цигари на ден скоро 100 години. Оваа навика била толку силна што престанала дури на 117. кога ослепела и не можела сама да запали цигара.
Таа изјавила дека долгиот живот го должи на пиење вино на дневна основа, јадење чоколадо секоја недела и добар хумор. Но, најважно било консумирањето на екстра девствено маслиново масло, кое го додаваше на сè, освен на млекото, а со него ја негувала и својата кожа.
Гледајте си ја својата работа
Пензионираната наставничка во Бесе Бери Купер-Браун, живеела до 116. Починала во 2012. година и, наводно, избегнувала брза храна и сметала дека за долговечнопст е најважно да си ги гледа своите работи.
Јадете сланина
Сузана Мушат Џонс била најстарата жителка на Њујорк до 2016 година кога починала на 116. години. Никогаш не пушела, не пиела алкохол, не се шминкала и не ја фарбала косата, но јадела четири ленти сланина секое утро.
Пијте алкохол
Ема Морано починала во 2017. година на 117. години. Пред да почине, таа рекла дека повремено ужива во чоколадото. Познато е и дека секој ден консумирала три јајца и пиела чаша ракија.
Ненси Ламперти од Њујорк починала на 105. години и исто така пиела алкохол секој ден. За разлика од Ема, таа сакала вино и пиво.
Пијте превриена вода
Кристијан Мортенсен починал во 1998 година. Тој имал 115. години и 252. дена. Тој за тајна на долговечноста ги сметал дружењето, воздржувањето од алкохол, позитивниот став, пеењето, пушењето пури и пиењето провриена вода.
Јадете додека не сте сити 80 проценти
Жироемон Кимура живеел 116. години и 54. дена. За појадок јадел овесна каша и мисо супа со компири и зеленчук. Тој бил позитивен и ја следел политиката. Неговото мото било „јадете лесно, живеј долго“. Никогаш не пушел, пиел алкохол во умерени количини и не се прејадувал. Тој ги советувал другите да јадат додека не бидат полни 80 проценти. Никогаш не објаснил како тоа да се препознае.
Јадете мед
Фред Хејл сениор имал 113. години кога починал во ноември 2004. година. На 108. година, тој влегол во Гинисовата книга на рекорди како најстариот возач на светот и бил доста изнервиран од луѓе за кои мислел дека возат премногу бавно. Повремено пиел виски, но секој ден јадел мед.
Мите Јаначков