Три природни маски кои го одржуваат вашето лице меко и чисто
27.01.2021
Голем дел од луѓето купуваат со различни маски, креми за да ги скријат своите „несовршености“ или да ја оддржуваат својата кожа мека и хидрирана.
Со мало истражување дојдовме до заклучок дека за само неколку минути можете да направите хранлива маска за нега на лицето а исто време да заштедите и пари.
Постојат различни видови на маски за лице. Од кога ќе ја измиете детално вашата секојдневна шминка, најдобро е да направите пилинг на своето лице. Пилингот се прави на одредено време, ако вашата кожа е нормална тогаш е доволно еднаш неделно, доколку имате мрсна кожа едваш во две недели и сува и осетлива кожа само еднаш месечно.
Во продолжение една идеа за пилинг маска:
– Исцедете еден лимон и додадете две лажици шекер. Лицето масирајте го во време траење од две до три минути. Потоа исплакнете го со млака вода.
Маските за лице ја хранат кожата посебно во овој период од годината. Студениот ветер му штети на лицето. Оваа маска за лице е лесно подготлива и лицето го прави нежно.
-Испасирајте едно јаболко со пет лажици мед. Нанесето го на лицето и оставете да трае 20 минути. Потоа испакнето го лицето со млада вода и уживајте во својата нежна кожа.
Доколку сакате да ги отстраните своите брчки, темни кругови и акни во тој случај маската од куркума е вашиот погодок. За оваа маска ви се потребни само неколку состојки и тоа:
Две лажици куркума, една лажичка брашно од леблебии, една и пол лажичка мед, и две лажици кисело млеко доколку имате мрсна кожа а доколку имате сува кожа додадете маслиново, бадемово или кокосово млеко.
Маската нанесете ја на чисто лице, оставете ја да делува 20 минути а потоа измијте ја со ладна вода. Оваа маска е препорачливо да се користи еднаш неделно.
Стефани Манева
#МаскиЗаЛице #ПриродниМаски #БрзиИЛесни #СовршенаКожа