Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Близнаците и Лавовите се склони кон адреналинско возење, на црвено поминуваат Овенот и Шкорпијата, Раковите ги бие глас дека се лоши возачи, а Вагата зад волан сè може да ѝ го одвлече вниманието…

Овните – сакаат адреналин

Иако припадниците на овој знак се обично добри и способни возачи, додека возат се непромислени. За нив е типично забрзувањето на раскрсници, како и поминување на жолто и црвено светло.

Во гужва се нервозни и пцујат, па дури и кога се добро расположени и никаде не им се брза. Другите возачи едноставно ги нервираат од навика.

Бикот – ужива додека вози

Припадниците на овој знак најчесто ќе ги видите како зад воланот си ја пејат својата омилена песна и мрдаат со главата на ритамот на музиката. Не се љубители на пребрзо возење и би можело да се каже дека се совесни возачи. Ги почитуваат сообраќајните правила.

Близнаците –  се познати по мултитаскинг

Близнаците се навистина способни возачи кои најчесто ќе ги забележите со телефонот во рака. Како што и во животот редовно практикуваат мултитаскинг, така и за време на возење најчесто пијат кафе, се шминкаат или телефонираат. Сепак, факт е дека се подобри совозачи отколку возачи.

Ракот – сака долги патувања

Раковите се по малку нервозни возачи кои често пцујат во себе кога ќе ги изнервираат другите возачи. Сепак, тие се совесни и најчесто ги почитуваат сите сообраќајни прописи, а омилени им се автомобилите во кои се чувствуваат удобно.

Лавовите –  не ја тргаат ногата од педалата за гас

Овој огнен знак е одличен возач и љубител на брзини. Додека вози сака во својата глава да се натпреварува со другите возачи. Како и во животот, и во возењето привлекува големо внимание.

Девиците – се добри возачи

Припадниците на овој знак често се добри возачи, но многу критични спрема сите други учесници во сообраќајот – од пешаците до другите возачи. Додека возат внимателно ја намалуваат брзината за да не го оштетат автомобилот на лежечките полицајци.

Вагите –  баш и не гледаат на патот

Иако се спремни возачи, на припадниците на овој знак поголемите и помали сообраќајни несреќи не им се непознати. Најчесто сами ги предизвикуваат бидејќи не обрнуваат доволно внимание на тоа што се случува околу нив. Исто така, склони се кон гласна музика и телефонирање за време на возењето.

Шкорпиите се темпераментни возачи

Припадниците на овој знак се темпераментни возачи кои лесно губат нерви во сообраќајот. Сакаат големи брзини, а сообраќајот понекогаш го доживуваат како игра во која треба да победат. Сакаат брзи автомобили и возење навечер.

За Стрелецот – возењето е спорт

Стрелците се познати по своите добри вештини на паркирање, а возењето го доживуваат како спорт. Поради тоа казните за големи брзини не им се непознати, а понекогаш и премногу им веруваат на своите способности.

Јарецот  - мрази некултурни возачи

Јарците се самоуверени возачи, но поверојатно е да возат под дозволената брзина, отколку да возат со поголема брзина. Внимаваат на оптималната потрошувачка на гориво и се придржуваат на непишаните правила за возачката култура, а ќе се навредат ако не им се заблагодари возачот кој ги пропуштил.

Водолијата – најмногу се вознемирува од полицијата

Припадниците на овој знак се природни возачи, кои со возењето не се оптеретуваат премногу бидејќи автомобилот им служи за да стигнат до својата цел. Прилично добро се снаоѓаат во непознати улици, а сакаат и да ги набљудуваат другите возачи во сообраќајот. Најмногу се вознемируваат кога ќе видат сообраќајна полиција, бидејќи се уверени дека се нечесни и дека ќе ги наместат за нешто.

Рибите – многу се нервираат кога нешто ќе им се расипе

Припадниците на овој знак се прилично смирени и стабилни возачи и позицијата зад воланот им е идеална за размислување. Сакаат возење, а во сообраќајот се навистина коректни и сакаат да им помогнат на другите возачи. Не се баш добри во паркирање, а многу се нервираат кога нешто ќе им се расипе.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново