Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

horoskop1

03.03.2021

Овен

Денеска не слушајте ги советите на другите, затоа што ќе ви ја попречуваат одлучноста. Бидете оптимисти, не седете само дома, излезете и забавувајте се.

Бик

Не бидете денес премногу "остри" кон останатите, насочете се кон постигнување на она што го сакате, не мора да бидете конфликтни. Љубовта е во воздухот, вие сте тие кои придонесуваат и за тоа.

Близнаци

Лош однос со сите со кои се наоѓате во контакт. Не избрзувајте, доколку сакате помирно да ви помине работниот ден. На љубовното поле, целосно сте исполнети со позитивна енергија, ова е еден од поубавите денови.

Рак

Денес ќе бидете особено уморни и нема да сакате да се занимавате со потешки работи. Опуштете се, затоа што и не ве очекува некоја потешка работа. Хармонија во емотивните односи.

Лав

Станувате се' послаби и често ги обвинувате луѓето околу вас. Не правете го тоа, затоа што губите кредибилитет кај останатите. Љубовта овој ден ќе ви биде далечна.

Девица

Вие се нервирате за детали. Сконцентрирајте се на поважни работи, изоставете го неважното. Плановите со партнерот ги одложувате и тоа ве прави тажни.

Вага

Добрата комуникација со колегите на работата ви ја зголемува самодовербата. Можете да намирисате добра зделка. На момент емоциите ќе ви бидат нестабилни, но партнерот ќе ве изненади со вниманието кое ќе ви го посвети.

Шкорпија

Индивидуалноста кај вас денес ќе биде особено истакната. За се' се борите сами, но до кога ќе издржите така? На љубовното поле, главните конци се кај вас и тоа ви носи задоволство.

Стрелец

Многу енергија која сакате да ја споделите со соработниците. Имате голема поддршка поради вашиот оптимизам. Партнерските односи денес ви се на завидно ниво, затоа уживајте во она што го имате.

Јарец

Премногу сте пребирливи за луѓето со кои соработувате, сменете го тоа затоа што на крајот може да останете сами. Најлесниот начин за да завршите нешто е да го смените партнерот, но што потоа?

Водолија

Она што другите ги излудува вас ве прави уште подобри, а тоа особено се однесува на вас како воркохолик. Затоа не откажувајте се од посилните страни. Сакате во љубовта постојано да има некои случувања, монотонијата ви ја одзема енергијата.

Риби

За да го добиете и вие она што го заслужувате на љубовен план, мора да ја смените тактиката. Со партнерот се оддалечувате, затоа што и двајцата поголем дел од времето посветувате на работа.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново