Нова Гугл тастатура
Објавено на 5 мај, 2016 во 07:28
Поради проблемите со типкање на големите смартфони, Гугл одлучи да ги надогради своите Андроид тастатури.
Новата верзија на тастатурата треба наскоро да се појави, а 5.0 има посебна можност за поместување на комплетот на виртуелни типки на десната или на левата страна на уредот.
Оваа опција дозволува типкање со само една рака, без оглед дали станува збор за десната или левата. Тастатурата се активира со едноставно притискање на типката запирка, а потоа се појавува иконче со една рака чие активирање ја намалува тастатурата и ја поместува на десна или на лева страна.