Русија претстави нов авион
Русија денес го претставила новиот авион кој треба да ја оживее националната авио-индустрија и да ја намали зависноста на земјата од западните летала.
Авионот MC-21, двомоторен патничкиот авион со краток и среден дострел, бил претставен денес во сибирскиот град Иркутск. Го произвела компанијата “Иркут” дел од државните Обединети авио-производни корпорации.
За разлика од старите советски летала, новиот авион е изграден од композитни материјали кои помагаат да се намали тежината и да се зголеми неговата комерцијална ефикасност.
Во него ќе бидат вградени нови мотори од руско производство, на кои моментално се работи.
рвата испорака се очекува во 2018. година. Рускиот национален авиопревозник “Aeroflot” и другите руски авиокомпании, сè повеќе се потпирале на авионите на “Boeing” и “Airbus”, но владата како главен приоритет го прогласила оживувањето на домашната авио-индустрија.
извор. Tocka.com.mk