Интернет гигантот „Јаху“ и официјално престанува да постои
Објавено на 11 јануари, 2017 во 10:20
Новото име на компанијата ќе биде „Алтаба“, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесе оставка.
Одлуката за заминување на Мајер од „Јаху“ е потврдена во извештајот што компанијата го испрати до американските регулатори.
Во извештајот се наведуваат точни планови како „Верајзон“ ќе го преземе „Јаху“, кое го купи за 4,8 милијарди долари.