Нова опција на ФБ за препознавање на лажни вести
Социјалната мрежа Фејзбук со нова опција која ќе им овозможи на корисниците да ги препознаваат лажните вести и погрешните информации што се шират на оваа социјална мрежа.
Алатката е всушност известување што ќе се појави во наредните неколку дена и го води корисникот на страницата со совети и други информации поврзани со тоа како да се препознаваат лажните вести и што да се направи со тоа.
Лажните вести и дезинформации никако да прекинат да се шират. Иако веќе со години лажните вести најчесо се користеа за светот и шоу бизнисот, последнава година тие тие веќе ја напуштија сферата на забавата или, пак, на постигнување поголема економска заработка, и се користат за да се остварат интересите на центрите на моќ.
Инаку, овој детектор од пред неколку дена им е достапен на корисниците во 14 земји, меѓу другите на САД, Германија, Франција, Италија, В.Британија, а наскоро треба да се очекува и во целиот свет.
Додека пак во Германија, Фејсбук во последно време се соочува и со критики за несоодветен одговор на говорот на омраза на социјалната мрежа.
Меѓутоа, со оглед на тоа дека проблемот не опфаќа само неколку земји, туку се опфатени речиси сите поголеми центри на моќ, група земји-членки на ЕУ и на НАТО се договорија да основаат европски центар за хибридни закани, чија цел е борбата против неконвенционалните форми на војна, како што се дезинформациите и лажните вести.