(ФОТО) Тајванскиот електричен автомобил Miss R е побрз од Tesla Roadster II
Тајванската компанија XING Mobility го претстави својот прототип на моќниот 1360 КС. електромобил Miss R, кој е побрз од Tesla Roadster II (точно, само за 0,1 секунда, но е побрз). Интересно е тоа што програмерите тврдат дека ова е прв ваков вид автомобил кој освен на пат може да биде управуван и надвор од негот. Должината на супер брзиот автомобил е 4000 mm, ширина 1800 mm, а висок е 1300 mm. Моделот е опремен со четири електрични генератори кои даваат 1 мегават моќност (1360 КС) и 1720 Nm вртежен момент. Батеријата од 52 киловат часови е од сопствено производство. Батеријата е составена од 100 модули, од кои секоја се состои од 42 литиум-јонски клетки.
Тежината на Мис Р е 1500 килограми. До 100 км/ч Мис Р може да забрза за 1,8 секунди, до 200 км/ч за 5,1 секунда. Растојанието од 400 метри го минува за 8,87 секунди, а максималната брзина е 270 км/ч. Со едно полнење може да помине околу 250 км.
Miss R ќе биде опремен со систем за избор на режим за работа на електрониката, со поставување за возење на асфалт или надвор од него, два сета гуми, адаптивни и суспензија со електромагнетни амортизери и систем за векторска контрола на вртежниот момент на сите четири тркала. Во завршната варијанта моделот ќе биде подготвен кон крајот на 2018 година. Miss R ќе биде пуштен во тираж од само 20 примероци. Основна цена: 1.000.000 долари.