Во гените е половината од човечката интелигенција
Не е важно колку учите, половина од човечката интелигенција се сведува на гените, тврдат научниците од Универзитетот во Единбург.
Велат дека разликата во интелигенцијата ја прават гените со кои луѓето се раѓаат, но освен генетиката, голема улога играат и фактори од околината, родителите, начинот на исхрана и живот, изложеност на хемикалии во пренаталниот период.
Научниците сега знаат за 52 гени кои се поврзани со интелигенцијата, од кои 40 се откриени релативно неодамна.
Истражување на Универзитетот во Амстердам доведе до откривање на нови гени и биолошки рути на интелигенција. Утврдено е дека многу луѓе со овие гени и имаат и други заеднички особини како високи, слаби и веројатно непушачи.
Тие, исто така, имаат помалку изгледи за болести како Алцхајмер, депресија, шизофренија и гојазност.