Microsoft Store ке овозможи далечинско инсталирање на апликации
Мicrosoft постојано го менуваат интерфејсот и функционалноста на својата продавница за апликации, во обид да им се олесни на корисниците. Софтверските инженери на компанијата експериментираат со интересна идеја, која ќе овозможи да инсталирате од далечина апликации на компјутеритe со Windows 10. Ова може да е доста корисно особено за луѓето кои работат истовремено со неколку уреди со платформата. Карактеристиката може да стане факт до крајот на 2018 година.
Благодарение на тоа, ќе имаме начин да работиме со истите програми на сите наши компјутери. Концептот предвидува кога ќе го отворите веб сајтот на некоја апликација, што веќе сте ја инсталирале, да го видите копчето „Install On My Devices“, информира TechRadar. Со кликнување на него ќе се прикаже листа на сите уреди што ги користите и кои се поврзани со сметката на Microsoft. Корисниците треба само да го изберат оној уред што го сакаат.
На овој начин, можете да ја користите програмата дури и на компјутерите, на кои се уште не сте ја инсталирале. Сè уште има голем број на технички проблеми кои треба да се отстранат, но тестовите досега дале оптимистички резултати. Компанијата ќе направи многу напор за да обезбеди максимална сигурност на нашите лични податоци. Следниот голем Windows 10 апдејт е закажан за есен, и веројатно е дека овие промени ќе станат дел од Microsoft Store.