Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SamsungTV fin

Првиот 146-инчен телевизор, под името „The Wall“, влегува во сериско производство во септември. Овој модел првично беше прикажан од Samsung на CES 2018 во Лас Вегас во јануари оваа година.

„Ѕидот“ ветува револуција кај телевизорите и со него Samsung ќе излезе со чекор напред пред конкурентите. Моделот е базиран на MicroLED технологија, која е подобра од OLED во голем број параметри.

Една од предностите на MicroLED е природната бела и црна боја. Покрај тоа, MicroLED пикселите испуштаат своја сопствена боја, ја елиминираат потребата за задно осветлување. Во исто време, екранот на новата технологија троши помалку енергија.

Благодарение на модуларниот дизајн, Samsung ќе произведува MicroLED телевизори со различни големини и форми со едноставно додавање и отстранување на модулите. Корејскиот производител објави дека следната година ќе објави поевтина, потрошувачка верзија на телевизорот, која ќе биде потенка од 146-инчниот модел.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново