Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

hakeri internet

20.11.2020

Компанијата NordPass направи листа со десетте најчесто употребувани лозинки, анализирајќи повеќе од 275 милиони лозинки изложени во јавност, по откриени од хакерски напади.


Ова се најчесто користените лозинки од кои, за некои е потребна само една секунда за да се хакираат:

  1. 123456 – помалку од една секунда за хакирање
  2. 123456789 – помалку од една секунда за хакирање
  3. picture1 – 3 часа за хакирање
  4. password – помалку од една секунда за хакирање
  5. 12345678 – помалку од една секунда за хакирање
  6. 111111 – помалку од една секунда за хакирање
  7. 123123 – помалку од една секунда за хакирање
  8. 12345 – помалку од една секунда за хакирање
  9. 1234567890 – помалку од една секунда за хакирање
  10. senha – 10 секунди за хакирање

Повеќе од половината лозинки (56%) се повторуваат по неколку десетици до неколку милиони пати, а само 44 проценти од лозинките биле уникатни, односно никаде не се повторувале.

Од NordPass ги советуваат корисниците на интернет да не користат шаблони за лозинки за нивните профили на социјалните мрежи. За подобра заштита препорачуваат промена на лозинката на секои 90 дена со комбинација од големи и мали букви и креирање различни лозинки за секој профил.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново