На кој начин криптовалутата „Bitcoin״ има индиректно влијание врз климата?
07.04.2021
Биткоинот во моментов вреди околу 58.000 американски долари и затоа не е изненадување што е апсолутен хит кај инвеститорите. Но, она што е помалку познато е потрошувачката на електрична енергија во моментите кога се „ракува“ со криптовалутата, односно влијанието врз климата што ја создава на глобално ниво.
Според научното списание Nature Climate Change што еднаш месечно го објавува Nature Publishing Group, рударењето биткоин само по себе може да биде одговорно за два степени повисоки температури на Земјата. Сето ова за околу 14 години. Или, поточно, би требало да се манифестира до тој степен за две години. Па, како е можно тоа?
Дневно се троши „струја“ во вредност од 25,2 милиони американски долари само за да се процесираат трансакциите со биткоин. Овие податоци ги откри Trading Platforms и даде увид во тоа што се случува „зад сцената“.
Конечната бројка беше лесно пресметана. Имено, за 30 дена, до 17 јануари годинава, во просек се вршеа 328.418 трансакции на дневна основа, а потрошувачката на енергија по една трансакција со биткоин во просек беше 612 kWh, или 76,74 долари. Така, кога ова ќе се помножи со 30, се добива конечната бројка.
Ова не е единствената импресивна бројка што беше пресметана. Од октомври 2015 година, потрошувачката на енергија при извршување на трансакции со биткоин е зголемена помеѓу 7.717,85 проценти и 10.201,1 проценти, што се чини нереално. Но, кога сметате дека биткоинот работи на принципот на „извлекување максимум од компјутерските системи“, јасно е дека таквото оптоварување има своја цена „на други страни“.
Исто така, ако ја споредиме таа потрошувачка со потрошувачката на цели земји, ќе дојдеме до заклучок дека трансакциите со биткоин трошат 1,72 проценти од електрична енергија што годишно ја троши Кина, а најнаселената земја во светот троши далеку најмногу електрична енергија. Станува збор за 6.510 TWh додека трансакциите со биткоин трошат 112 TWh годишно.
Доколку ситуацијата не се промени и подобри, биткоинот може да значи богатство за оние кои се занимаваат со тоа, но и катастрофа за Земјата. Како и сите ние што живееме тука…
Мите Јаначков